Како и што се најавуваше, Томас Тухел и официјално е нов селектор на репрезентацијата на Анеглија, а негов помошник ќе биде Ентони Бери.
За Тухел преземањето на Англија е враќање на Островот каде што во минатото го водеше Челси. Со неговото именување за предводник на „Гордиот Алабион“, Англичаните ја завршуваат потрагата по нов селектор која започан по заминувањето на Герет Саутгејт по Европското првенство во Германија.
Германскиот функцијата ќе започне да ја извршува од 1 јануари 2025 година пред квалифиакциите за Светското првенство во Канада, Мексико и САД.
„Горд сум што ќе имаме чест да ја водам англиската репрезентација. Чувствувам поврзаност со оваа земја и тоа веќе ми даде неколку неверојатни моменти. Да се претставува Англија е огромна привилегија и ќе биде возбудливо да работам со група која е талентирана и има голем потенцијал“, изјави Тухел.
Од ФА не откриваат, но според информациите на медиумите платата на Тухел ќе изнесува пет милиони евра годишно, исто колку што заработуваше и неговиот претходник Герет Саутгејт.