108
Eкипата на Барселона објави дека потпишала нов договор со 17-годишниот Марк Бернал кој сега се обврзал на верност до 2029 година, но во неговиот договор е вметната и откупна клазула од 500 милиони евра.
Претходниот договор на Бернал со Барселона имаше важност до 2026 година, но меѓутоа тој сега реши да ја продолжи соработкатан а дополнителни три години.
Бернал имаше одличен почеток на сезоната и настапи во првите три натпревари на Барселона, а за настапите доби големи пофалби од јавноста. Сепак, потоа се повреди и ќе се врати на терените за наредната сезона.
„Барселона и Бернал се договорија за соработка до 2029 година. Откупната клазула во договорот ќе изнесува 500 милиони евра“, објави каталонскиот гигант.