319
Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни од денеска и официјално е нов тренер на тимот од Втората англиска лига, Плимут Аргајл.
По пауза од пет месеци откако доби отказ од Бирмингем, Руни сега одново одново ќе работи во Чемпионпиш.
Кариерата како играч Руни ја заврши во 2021 година, а сега потпиша тригодишен договор со тимот кој оваа сезона едвај успеа да опстане во Чемпионшип со победа во последното коло против Хал од 1:0. Со тој триумф завршија на 21. место на табелата кое е последното што обезбедува опстанок.
Во играчката кариера Руни покрај Јунајтед го носеше дресот уште на Евертон, Ди-Си Јунајтед и Дерби. За 13 сезони на „Олд Трафорд“ успеа да постигне 253 гола и освои 17 трофеи.