230
Иако е во поодминати фудбалски години, Радамел Фалкао нема намера да ја заврши блескавата кариера.
Откако му истече договорот со Рајо Ваљекано тој одлучи да се врати во неговиот матичен клуб – Милионариос.
За колумбискиот напаѓач ова е враќање во матичниот клуб од каде што замина пред 23 години како 15-годишник. Зад себе Фалкао има голема кариера во која играше за Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челси, Галатасарај и Рајо.
Дресот на репрезентацијата на Колумбија се уште го носи и на 104 натпревари има 36 гола.