326
Францускиот шампион ПСЖ се пофали со нов голман, кој всушност доаѓа да биде замена за Џанлуиџи Донарума. Од тимот замина ветеранот Кејлор Навас, а парижани мораа да го надополнат тоа отсуство.
Матвеј Сафонов ја задолжи опремата на „светците“ и потпиша соработка на четири сезони. 25-годишниот чувар на мрежата дојде од редовите на Краснодар, а за неговите услуги ПСЖ ќе плати 20 милиони евра.
Зад Сафонов е одлична сезона со Краснодар, а полека почна да се наметнува и во репрезентацијата на Русија. Во моментов тој е „единица“ на оваа репрезентација.