95
Челниците на шпанската Ла Лига ги потврдија најавите на јавноста.
Поради силните поплави кои го опфатија овој регион од Шпанија, одложени се два натпревари кои викендов требаше да се играат во Валенсија и Виљареал.
Тимот на македонскиот голман Столе Димитриевски требаше да биде домаќин на Реал Мадрид. Сепак Валенсија е најпогоден град и натпреварот меѓу истоимениот клуб и Реал е одложен.
Исто така, одложена е и средбата во која Виљареал требаше да го дочека Рајо Ваљекано.