Брера Струмица промовира ново засилување за офанзивниот дел од тимот. Откако претходно пристигнаа Антонио Каланоски и Дианеси, сега нов член на струмичани е Марјан Ристовски – Швајц.
27-годишниот напаѓач доаѓа во редовите на Брера по една сезона мината во Вардар. На 29 натпревари во ПМФЛ тој постигна три гола и запиша седум асистенции. Самиот Ристовски нагласи дека е среќен што ќе заигра за струмичкиот прволигач.
„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, кажа Ристовски
Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.