156
Грчкиот гигант АЕК Атина го потврди потписот со Ерик Ламела. Аргентинското крило потпиша тригодишна соработка со овој тим.
Ламела доаѓа во Атина по три години минати во редовите на Севиља. Неговиот договор со тимот од Андалузија истече ова лето, па бесплатно се пресели во АЕК со кој исто така потпиша на три години.
Во својата кариера Ламела најдолго се задржа во Тотенхем, каде што настапуваше од 2013 до 2021 година. Претходно беше дел од Рома и Ривер Плејт.
Инаку, пред два дена кога Ерик Ламела пристигна во Атина, навивачите направија вистинско шоу, го опколија неговото такси и со пиротехника му посакаа добредојде.