212
Италијанскиот тренер Даниеле Де Роси го продолжи договорот со Рома, потврди денес римскиот клуб.
Од редовите на Рома соопштија дека Де Роси потпишал договор до јуни 2027 година.
Легендата на клубот во Рим на клупата дојде на местото на Жозе Мурињо на 16. јануаро. Вкупно Рома ја водеше на 26 натпревари во Серија А и Лигата на Европа каде што беше елиминиран од Баер Леверкузен во полуфиналето. Во Серија А Рома заврши на шестата позиција.
Таквите резултати очигледно беа доволни да го убеди раководството дека заслужува нов договор.