171
Бобан Николов денеска беше официјално претставен како нов фудбалер на Борац Бања Лука.
Во редовите на Борац, Николов пристигнува како слободен играч откако помина одредено време без клуб по заминувањето од Кишварда од Унгарија.
Николов во Бања Лука нема да биде единствениот Македонец бидејќи тука настапува македонскиот чувар на мрежата Дамјан Шишковски.
Со овој клуб, Николов ќе има можност и да игра во Европа бидејќи Борац се избори за настап во главната фаза од Конференциската лига.