147
Баерн Минхен по промоцијата на Мајкл Олисе, промовира уште едно засилување овојпат за средината од теренот.
Нов член на баварците е Жоао Палиња кој доаѓа од редовите на Фулам за сума од 51 милиони евра. Португалецот потпиша договор за соработка до 2028 година и веднаш ќе се стави на располагање на Винсент Компани.
Палиња има 29 години, претходните две сезони настапуваше за Фулам, а претходно беше дел од португалските тимови Спортинг, Мореиренсе, Белененсес и Брага. Во минатата сезона Палиња одигра 39 натпревари и постигна четири гола, што е солидно со оглед на тоа што игра како последен играч за врска.
Инаку, Палиња беше дел од репрезентацијата на Португалија на Европското првенство и запиша четири настапи.