441
Како и што се најавуваше, сега е и официјално потврдено, Арне Слот ќе биде нов тренер на Ливерпул и функцијата на „Енфилд“ ќе ја преземе од 1. јуни.
Ливерпул успеа да се договори со Феенорд и Слот пристигнува како наследник на Јирген Клоп кој одлучи ова да е негова последна сезона на клупата на „црвените“.
Во Ливерпул Слот пристигнува три успешни сезони во Феенорд каде што на двапати беше прогласен за тренер на годината.
Пред да се пресели во Феенорд, Слот го водеше АЗ Алкмар со кого исто така беше блиску до шампионска титула и во сезоната во 2019 година која беше прекината поради коронавирусот. Во таа сезона АЗ Алкмар заврши второпласиран само поради послабата гол разлика од Ајакс.