24
Како и што се најавуваше, Манчестер јунајтед го потврди назначувањето на Рубен Аморим за наследник на Ерик Тен Хаг.
Аморим со работата во Манчестер ќе започне од 11 ноември односно со почетокот на репрезентативната пауза.
Договорот кој го потпиша со клубот ид ,,Олд Трафорф” ќе има важност до 2027 година.
На клупата на Јунајтед, Аморим ќе дебитира во натпреварот против Ипсвич на 24 ноември, а до тогаш тимот ќе го води Ван Нистелрој.