Официјални состави: Милевски направи три промени во стартниот тим за мечот со Ерменија!

by riste
1 минути читање

Селекторот Благоја Милевски се реши да направи три промени во стартниот состав за вечерашниот дуел против Ерменија во однос на натпреварот против Фарски Острови.

На голот останува Димитриевски, но во одбраната на местото од Серафимов и Иљазовски се Зајков и Ашковски, местото го задржа само Муслиу.

Во средниот ред шанса добива Давид Бабунски, тука се и Алими, Барди и Димоски. За разлика од мечот со Фарски Острови, во составот не е Митровски.

Триото во нападот го сочинуваат Чурлинов, Миовски и Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани