Чави Ернандез две недели откако беше потврдено дека ќе биде тренер на Барселона и наредната сезона доби отказ и се очекува да го наследи Германецот, Ханси Флик.
На клупата на Барселона, Чави пристигна во 2021 година и го водеше клубот на 141 натпревар во кои оствари учинок од 89 победи, 23 реми и 29 порази. Минатата сезона успеа да ги освои Ла Лига и Суперкупот, додека сезонава ја заврши без трофеј.
Сепак, причина за отказот не се резултатите, туку неговата изјава по натпреварот со Алмерија.
„Навивачите мораат да разберат дека оваа Барселона не е онаа од пред 25 години. Претхододно тренерот на Барса ќе дојдеше и ќе кажеше „го сакам, тој и тој“. Сега повеќе не е така. Но, мораме да се засилиме ако сакаме да продолжиме по нашиот пат. Не сме на исто ниво како останатите големи клубови, но ќе се бориме.
Навивачите мораат да разберат дека ситуацијата е тешка, посебно во економска смисла. За стабилност ни е потребно време“, беше изјавата која Чави ја плати со отказ.
Медиумите во Шпанија денеска пишуваат и за начинот на кој бил отпуштен. Одлуката дека треба да замине на Чави му била соопштена во болница кога дошол да го посети Лапорта кој се опоравувал од проблемите со пневмонијата.
„Кога би се водел по емоциите, би сакал ти да да останеш. Но, во овој момент разумно е да има разделба“, биле зборовите на Лапорта.