148
Како што изгледа трансферот на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид е само прашање на време, бројни светски медиуми ја означија работата како завршена.
Детали од целата зделка објави и италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Аргентинецот би бил најскапо продадениот фудбалер во историјата на „граѓаните“ со сума од 75 милиони евра, додека уште 20 би биле исплатени преку бонуси. Во овој момент рекордот во Сити го држи Рахим Стерлинг со трансферот во Челси од 56 милиони евра.
Иако Алварез има само 24 години, сепак веќе успеа да ги освои сите најважни трофеи во фудбалот, а причината поради која го напушата Манчестер е малата минутажа.