Медиумите од Шпанија откриваат дека Роберт Левандовски во сезоната 2024/25 ќе има бруто плата од 32 милиони евра, а доколку одигра 50% од натпреварите, ќе му се активираат додатни 12 месеци со плата од 26 милиони евра бруто.
„Каталонците“ беа силно погодени од пандемијата на ковид-19, влегоа во голема финасиска криза поради која мораа да се разделат со Лео Меси и да имаат врзани раце при настапот на трансфер пазарот.
Жоан Лапорта и неговите соработници се надеваат дека наскоро ќе им стават крај на маките и летоска ќе се вратат на правилото 1:1, односно да трошат онолку колку што ќе приберат.
И кога се прават последните пресметки, медиумите од Шпанија пишуваат за платата на Роберт Левандовски во сезоната 2024/25.
Напаѓачот ќе биде голем товар аз буџетот со примања од 32 милиони евра бруто, најмногу од неговиот престој на Камп Ноу.
И не само тоа, доколку Роберт Левандовски одигра 50% од натпреварите, ќе му се активираат додатни 12 месеци со плата од 26 милиони евра бруто.
Полјакот во август ќе наполни 36 години, па се поставува прашањето дали Барселона ќе сака под вакви услови да продолжи со голгетерот.