256
Турскиот гигант Бешикташ во новата сезона ќе влезе со нов тренер, а тоа ќе биде Џовани ван Бронхорст.
Легендата на холандскиот фудбал се договори и парафира договор на две сезони со тимот од Турција. Во договорот стои и опција за продолжување на соработката на уште една кампања, доколку двете страни се задоволни.
Во својата кариера Џовани ван Бронхорст имаше тренерски ангажмани во Феенорд, Гванжу и Глазгов Ренџерс. Сега со Бешикташ ќе се натпреварува во Лигата на Европа, откако овој клуб го освои Купот на Турција.
Вреди да се напомене дека Ван Бронхорст не беше прва опција на Бешикташ. Овој клуб работеше и на крајот извиси за ангажман на легендарниот Жозе Мурињо кој заврши во Фенербахче.