347
На стартот од второто полувреме навивачите на Борусија Дортмунд запалија стотина факели и направија шоу на трибините во финалето на Вембли.
Обезбедувањето на финалето од Лигата на шампионите имаше два големи пропусти. На почетокот од мечот фанови влегоа на теренот, а на стартот од вториот дел навивачите на дортмунд имаа пиротехнички перформанс.
Факелите се забранети на мечевите на УЕФА, па нивното внесување е пропуст на обезбедувањето кое очигледно не ги претресувало доволно добро навивачите.
Пред финалето имаше информација дека организаторот потрошил дополнителни пет милиони евра од вообичаеното за зголемување и подобрување на обезбедувањето. Но очиглено, бадијала.