Саму Омородион кој требаше да потпише за Челси, но лондонскиот клуб го одби откако ги помина медицинските тестови, е нов член на Порто.
Трансферот се реализира благодарение на залагањето на претседателот на Порто, Андре Вилаш Боаш кој издејствува интересна, но комплицирана зделка со Атлетико Мадрид.
Порто ќе плати 15 милиони евра и со тоа ќе има половина од сопственоста на Омородион, половина ќе остане во Атлетико Мадрид.
И покрај ваквата распределба, играчот ќе настапува за Порто, потпиша до 2029 година со 100 милиони евра откупна клаузула. Но, Атлетико Мадрид ќе има 50 проценти од неговата следна продажба.
Сепак, во 2025 година, Порто ќе може да купи уште 15 проценти од сопственоста на Омородион за 5 милиони евра.
Исто и во 2026 година, португалскиот клуб ќе може да купи уште дополнителни 15 проценти од сопственоста на фудбалерот за уште 5 милиони евра и да стигне вкупно до 80 проценти од сопственоста на Омородион.