107
Англискиот репрезентативец Џуд Белингем е далеку од формата со која го носеше дресот на шпанскиот гигант по пристигнувањето кога беше најдобар во таборот на „кралевите“.
Сезоната Белингем ја започна со повреда, а потоа одигра и девет натпревари во низа на кои не постигна гол.
Сега тој добива и критики од шпанската јавност, посебно жестока беше „Марка“.
Насловот на познатиот медиум за настапите на Белингем беше „Од 10 до 0 за само една година“. Наводно Белингем е и разочаран затоа што смета дека дека е во сенка на Килијан Мбапе.