75
На фудбалерите на Милан не им оди од почетокот на сезоната и Паоло Фонсека досега не докажа дека заслужува да води тим каков што се „росонерите“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека по поразот од Наполи минатиот викенд бил одржан и состанок.
Како што е пренесува за Фонсека најголем проблем е што ја „изгубил соблекувалната“, односно довербата од своите фудбалери. Наводно, Фонсека имал и конфликт со првата ѕвезда на тимот, Рафаел Леао.
Поради таквата ситуација бил одржан состанок помеѓу Ибрахимовиќ, Жофри Монкада и Џорџо Фурлани.
Овој состанок практично бил опомена пред отказ и ако нешто не се промени во наредниот период веројатно Милан ќе бара нов стратег.