Екипата на Тотнем е позната по својот „тренд“ да не освојува титули во Англија. Делува дека не е можно „петлите“ да се радуваат на трофеј, а тоа се потврди и во Премиер лигата за играчи до 21 година.
Имено, Тотнем ја заврши сезоната како првопласиран, меѓутоа нема да го добие трофејот за ова натпреварување. Причината е едноставна, првпат од оваа сезона во втората Премиер лига (за млади играчи) титулата ќе се одлучи по плеј-оф. Регуларниот дел од сезоната Тотнем У21 заврши на првото место, ама нема да го крене трофејот.
За такво нешто мора да мине успешно низ плеј-офот каде што ја прескокна Астон Вила и во четвртфиналето оди на Ливерпул. Од оваа сезона нема релегација и промоција во Премиер лигата за играчи до 21 година. Сите 26 клуба се натпреваруваат во едно првенство, а потоа најдобрите шеснаесет одат во доигрувањето.
Како и да е, навивачите во Англија продолжија со своите шеги и таканаречен „бантер“ на сметка на Тотнем. Голем дел од нив се шегуваат дека само на Тотнем може да му се случи да заврши прв, а да не освои трофеј.