222
Поранешниот репрезентативец на Перу, Кристијан Куева кој собра 100 настапи за оваа селекција се најде во центарот на вниманието поради насилство кон својата девојка.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како Куева ја тепа својата девојка во лифт.
За инцидентот се огласи и девојката Памела Лопез.
„Бевме во врска 13 години и во целиот тој период трпев насилство. Понекогаш го правеше тоа и пред децата, а тоа многу ме боли“, изјавила девојката.
Низ клупската кариера Куева го носеше дресот на Краснодар, Малатијаспор, Сао Поло, Телука, Ал Фатех…