20
Фудбалската репрезентација на Македонија во ноемврискиот прозорец забележа две победи.
Со триумфите над Летонија и Фарски Острови нашата репрезентација си го обезбеди првото место во групата на Лигата на нациите. Поради тоа, очекувано беше да следи напредок на ФИФА ранкингот.
Македонија сега стигна до 1.368 поени и скокна две позиции, па сега е 67-мо пласирана на рангирањето.
На врвот нема промени, Аргентина е водечка пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил. Белгијците паднаа на седмата позиција, а напредок забележаа Португалија и Холандија. Италија е деветта, а Германците се вратија меѓу најдобрите десет.