Новиот фудбалер на Јувентус, Николас Гонзалес се повреди во настапот за Аргентина против Чиле во јужноамериканската квалификации за Светското првенство 2026 година.
Аргентина во Буенос Аирес го победи Чиле со 3:0, а Гонзалес излезе од игра во второто полувреме поради повреда на скочниот зглоб.
Првобитно се мислеше дека се работи за повреда на мускулот, но подоцна медиумите пренесуваа дека во прашање е скочниот зклуб.
Не е познато дали Гонзалес веднаш ќе се врати во Торино или ќе остане со репрезентацијата на Аргентина која во вторник на 10 септември ќе игра против Колумбија. По натпреварот со Чиле селекторот Скалони истакна дека еп ремногу рано да се знае дали Гонзалез би бил спремен.
Ако станува збор за посериозна повреда тогаш тоа е проблем и за Тијаго Мота кој веќе остане без Консеисао кој исто така во клубот пристигна летово.