Нов дебакл за Тен Хаг: Тотнем се прошета до победа на „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем одигра одличен натпревар и го совлада Манчестер Јунајтед среде „Олд Трафорд“ со високи 0-3 во шестото премиерлигашко коло.

Иако можеби „црвените ѓаволи“ можат да побараат алиби во престрогото исклучување на Бруно Фернандеш, резултатот е превисок за дерби и тоа пред своите навивачи. Особено критично за Тен Хаг е тоа што пред неполн месец и Ливерпул славеше со ист резултат во „Театрот на соништата“.

Добро отворија „петлите“ бидејќи поведоа преку Бренан Џонсон во третата минута. Пред крајот на полувремето Фенрнадеш доби директен црвен картон за старт врз Мадисон. Иако делуваше дека Португалецот се лизна, намерно го удри противникот, па иако благо судијата го исклучи.

Во второто полувреме стрела Дејан Кулушевски за 0-2, додека конечниот резултат го постави Доминик Соланке пред финишот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани