315
Десниот бек Бојан Илиевски е нов фудбалер на шампионот Струга Трим Лум со кој потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една.
Во редовите на Струга, Илиевски пристигнува од редовите на Македонија Ѓорче Петров.
Со „лавовите“ Илиевски успеа да го освои Купот на Македонија, а во Струга пристигнува со надеж дека ќе стигна и до титулата во ПМФЛ.
Досега во кариерата Илиевски одигра 129 натпревари, постигна пет гола и запиша 11 асистенции.