Пред почетокот на Европското првенство УЕФА воведе ново правило според кое само капитените на репрезентациите смеат да влегуваат во конверзации со судиите.
Во спротивно доколку некој од останатите фудбалери дојде и почне да протестира за одредена одлука е санкциониран со картон. Тоа веќе е имплементирано и се користи на континенталниот собир во Германија, а имаше неколку „жртви“ кои сакаа самите да ја бараат правдата пред арбитрите.
Поради позитивните знаци од новото правило, УЕФА реши по Европското првенство истото да се имплементира и во клупскиот фудбал. Така, во новата сезона на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига право на протест до судиите ќе имаат само капитените на клубовите.