Нови главоболки за Спалети, и Ачерби го пропушта ЕП!

by riste
1 минути читање

Франческо Ачерби нема да може да настапи на Европското првенство за Италија, веќе има најмалку четворица фудбалери кои беа повикани, а нема да играат.

Врз дефанзивецот на Интер ќе биде направена операција во наредните денови, тој има повреда на препоните.

Спалети нема да може да смета ниту на Доменико Берарди кој ја повреди ахиловата тетива и веројатно нема да се врати оваа година.

Повреден е и Заниоло кој има проблем со стапалото и тој ќе го пропушти Европското првенство.

Операција треба да прави и бекот на Тотнем, Дестини Удоги.

А од поодамна се знаеше дека Спалети нема да може да смета ниту на Сандро Тонали кој издржува суспензија поради обложување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани