„Новиот Модриќ“ на врвот на листата млади ѕвезди кои треба да се запазат на ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Угледниот британски „Би-Би-Си“ направи список од 24 фудбалери кои не настапуваат во Премиер лигата, а треба да им се обрати внимание на Европското првенство. Англичаните се познати дека најмногу го ценат своето, па на овие листи не ги вкрстуваат своите млади ѕвезди, туку само „остатокот од Европа“.

Интересно, на врвот на овој список се најде „новиот Модриќ“ – Мартин Батурина. Младата ѕвезда на Динамо Загреб и репрезентацијата на Хрватска „победи“ сериозна конкуренција за да се најде на првото место на оваа листа. Зад него во топ пет се Варен Заир Емери од ПСЖ, Бенџамин Шешко од Лајпциг, Брајан Броби од Ајакс и Флориан Вирц од Баер Леверкузен.

Уште на списокот се: Ѓорѓи Мамардашвили, Јохан Бакајоко, Георги Судаков, Џамал Мусиала, Жоао Невеш, Страхиња Павловиќ, Леополд Кверфелд, Арда Ѓулер, Чави Симонс, Зено Дебаст, Марио Митај, Владислав Ванат, Џереми Фримпонг, Матеј Јурашек, Мортен Хјулманд, Кенан Јилдиз, Лазар Самарџиќ, Адам Оберт, Жан Випотник.

На оваа листа во пресрет на претходното Европско првенство се најде македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани