79
Капитенот на екипата на Саутемптон, Џек Стивенс доби продолжување на суспензијата во Премиер лигата.
Стивенс веќе паузираше три натпревари, не играше против Ипсвич, Евертон и Борнмут, меѓутоа тоа не е сè бидејќи додадени му се уште два меча суспензија. Тоа значи дека тој нема да игра за Саутемптон против Арсенал и Лестер.
Освен тоа, искусниот дефанзивец доби и парична казна од 50.000 фунти која ќе мора да ја плати на ФА на Англија.
Инаку, Џек Стивенс одработи суспензија поради црвен картон на мечот со Манчестер Јунајтед и старт над Гарначо. Тоа не беше толку проблем, колку што беше проблематично однесувањето кон судијата Стјуарт Атвел, кој тоа го пренесе на делегатот.