115
Повторно во натпревар на Вардар гледавме судиска драма. Откако во минатото коло беше поништен гол на Тиквеш во самата завршница, па настана инцидент во кој беше повреден судијата Гоце Петрески, вечерва по една конфузија помеѓу судиите Силекс дојде до победнички гол.
Скоро во текот на целиот натпревар гледавме мирна игра без многу шанси на двете страни. Марко Ѓорѓиевски ја пропушти најголемата до тој момент во второто полувреме.
Знаеше и Вардар да се закани на моменти, а голот на одлука беше дело на Марко Додев во 92. минута.
Судијата Пилешков во оваа ситуација прво сигнализираше недозволена позиција, но по консултација со помошник покажа на центарот за победнички гол на кратовчани.