Нова сезона, стари проблеми: Продолжува пеколот за Рис Џејмс

by Стефан
1 минути читање

Многумина веруваат дека кога е здрав и игра во континуитет може да биде еден од најдобрите бекови во свветот, но Рис Џејмс едноставно е пречесто повреден.

Енцо Мареска најавуваше негово враќање на терените во септември, но тој се уште не е спремен и прашање е кога ќе биде.

Во минатата сезона поради проблеми со мускулите пропушти 29 натпревари, а во сезоната 2022/2023 се здоби со дури шест различни повреди поради кои пропушти 25 натпревари.

Од почетокот на оваа сезона веќе пропушти шест натпревари и нема најави дека наскоро ќе се врати.

Мареска ќе продолжи да импровизира додека го чека, сезоната ја започна Густо, но и тој се повреди, па играше Дисаси и ќе видиме дали Французинот ќе остане опција додека останатите не се опорават.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани