Постоеше лудо сценарио според кое италијанската Серија А во следната сезона можеше да има дури десет претставници во европските купови.
Сепак, по вчерашната победа на Фиорентина во драмата над Каљари (2-3), повеќе нема опција за такво нешто. Условот беше тимот од Фиренца да заврши под деветтата позиција, а притоа да ја освои и Конференциската лига. Веќе е јасно дека Фиорентина е недостижна за Наполи кој е десетти во последното коло бидејќи има пет бода предност, па лудата можност за половина италијанска лига во евро-куповите бргу ја снема.
Она што останува отворено е дека Италијанците можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите. Аталанта во последните два натпревари не треба да ги мине Јувентус или Болоња на табелата, а така Рома би завршила наместо во Лигата на Европа – во елитата.
За последното европско место во завршната рунда ќе се борат Торино и Наполи.