Ниту реми против Интер нема да го спаси Фонсека од отказ!

by riste
1 минути читање

Според „Кориере дело Спорт“, ниту реми во градското дерби против Интер нема да ја спаси работата на Пауло Фонсека во Милан, потребна му е само победа за да остане.

Фонсека добил ултиматум од Милан, мора да победи во дербито против Интер за да остане на работа, во спротивно го чека отказ.

Првите информации беа дека тој ќе добие отказ доколку Милан го загуби мечот, но сега се пишува дека и со реми ќе следува разделба.

Во меѓувреме меѓу кандидатите за нов тренер на Милан се приклучува и Игор Тудор.

Досега се шпекулираше за Сари, Терзиќ, Тухел, Алегри и Мојс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани