„Никогаш не разбрав зошто Фиго се пресели во Реал, веројатно Перез му понудил многу пари!“

by bojan
1 минути читање
Фиго, Ривалдо

Легендарниот Ривалдо вели дека никогаш не разбрал зошто Луис Фиго ја замени Барселона со Реал Мадрид, претпоставува дека Португалецот бил мотивиран од финансиски причини.

Во пресрет на дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, весникот АС седна на разговор со Ривалдо и разговараа на неколку теми поврзани со лутите ривали.

Една од нив беше контроверзниот трансфер на Луис Фиго, кој во 2000-та направи големо предавство и ја промени Барселона со Реал Мадрид.

„Никогаш не помислував дека може да се случи еден ваков трансфер. Луис беше многу среќен во Барселона и очекував дека долги години ќе игра на Камп Ноу“ – вели легендарниот Бразилец.

„И до ден денес не знам што навистина се случи. Мора да се финансиите во прашање, веројатно Флорентино Перез му дал многу пари“.

Тој исто така смета дека Ламин Јамал има се што треба за да стане најдобар во светот.

„Јамал е неверојатен, има се што му треба за да стане најдобар во светот. Доколку продолжи вака, сигурно ќе биде најдобар во светот за две години. Ужива во играњето фудбал и тоа што го прави на теренот, и оваа негова карактеристика ме воодушевува најмногу“.

„Јас на 17 години тренирав со младинците и бев далеку од првиот тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани