Чешката фудбалска легенда, Павел Недвед се потсети на моментот кога добил понуда од Жозе Мурињо, но не потпишал.
Недвед кој како играч на Јувентус ја доби и Златната топка во 2003 година, добил понуда од Мурињо да потпише за Интер.
„Кога Жозе Мурињо дозна дека Јувентус и јас нема да потпишеме нов договор, ми се јави. Ми рече дека ќе имам фантастична сезона ако дојдам во Интер. Ми рече дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите ако му верувам. Навистина бев поласкан од неговата понуда, пред сѐ затоа што од сведочење на неговите поранешни играчи, задоволство е да се работи под негово водство“, вели Недвед.
„Сепак, една работа ме спречи да ја прифатам понудата која ќе ми донесеше и многу пари и уште една врвна сезона. Едноставно, премногу ги сакам навивачите на Јувентус и не би било во ред да играм за нашиот најголем ривал, кој својот успех го изгради на нашиот пад. Не го велам ова како навивач, туку како вистински професионален фудбалер. Да се каже НЕ на Интер беше исправна одлука. Тие ја освоија Лигата на шампионите како што рече Мурињо, но јас го задржав достоинството и љубовта од навивачите“.