134
Според информациите на хрватскиот „Јутарњи“, македонскиот напаѓач Илија Несторовски би можел да се врати во хрватскиот фудбал.
Наводно, Несторовски е блиску да стане фудбалер на Славен Белупо. Сезоната во првенството тимот од Копривница ја започна катастрофално и по четири кола има само еден бод, па се истакнаа како сериозен кандидат за испаѓање во понизок ранг.
Зад себе Несторовски има одлични настапи во Хрватска како фудбалер на Интер Запрешиќ кога во сезоната 2014/2015 постигна 25 гола и беше најдобар стрелец на крајот од сезоната.
Во овој момент Несторовски е без клуб откако се раздели со Асколи. По заминувањето од Хрватска, македонскиот напаѓач играше за Палермо и Удинезе од каде што пристигна во Асколи.