Натпреварот меѓу Франција и Израел во Сен Дени заврши без победник (0-0), по голема доминација на домаќинот кој си направи проблем во Лигата на нациите.
Се работеше за натпревар од висок ризик, трибините не беа полни, а и покрај сите обиди да се спречи скандал – истиот се случи. Прво беше исвиркана химната на Израел од поддржувачи на Палестина во воениот конфликт.
The Israeli National Anthem “Hatikvah” ahead of the Israel vs France game.
— Kosher🎗🧡 (@koshercockney) November 14, 2024
Such a beautiful yet solemn National Anthem.
Stay safe in France tonight Jews 💙🤍
🇫🇷 🇮🇱 pic.twitter.com/6s4xduIE9v
Освен тоа, имаше и тепачка на трибините. Навивачи на Израел се судрија со останатиот дел од публиката на дел од стадионот.
Yo @UEFAcom it’s time to ban Israel from international football. Israeli fans are causing trouble in France right now
— Esheru (@EsheruKwaku) November 14, 2024
pic.twitter.com/aPNpIttV17
Нереди и гужви имаше и пред натпреварот, бидејќи група Палестинци или нивни поддржувачи се собраа да испратат порака до Израелците.