Некој нов Мбапе, напаѓачот гине за секоја топка! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Како доаѓа времето на негово заминување од ПСЖ, Килијан Мбапе игра сѐ подобро, францускиот тим ја завери титулата во Лига 1, а атакува и на финалето во Лигата на шампионите.

Мбапе со години важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, но она што е поразлично во овој период е неговата борбеност на теренот која е крената на друго ниво.

За тоа зборува и ова видео од француското првенство на кое се гледа како Мбапе пожртвувано се враќа во одбрана, нешто што не можеше често да се види во минатото.

Французинот од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид, но во последните мечеви за ПСЖ сака да покаже дека ќе изгине до крај за тимот и ќе се обиде да ги освои сите титули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани