Неверојатно: Ваква грешка на ВАР досега не се случила! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Голот кој го постигна фудбалерот на Шведска Александар Исак беше поништен по бизарна одлука на судијата од ВАР собата.

Исак во продолжението од судиското продолжение при резултат 3:0 постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд. На повторената снимка јасно се гледа дека нема недозволена позиција и на крајот се покажа дека во ВАР собата повлекла погрешна линија.

„Како е тоа можно? Сериозно? Ова е нешто најлошо што сум го видел. Добро е што победивме, но кога ќе видите дека ви поништиле регуларен гол секако се нервирате. Се случуваат грешки, меѓутоа со денешните услови вакво нешто е премногу. ВАР судиите беа во тунелот на полувремето и влеговме во расправија, но цврсто стое ана својот став“, изјави напаѓачот по натпреварот.

Ситуацијата ја коментираше и селекторот на Шведска, Џон Дал Томасон.

„Бев бесен, цела екипа беше бесна. Не разбирам. Беше чист гол, но не можеме ништо да промениме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани