137
Бразилскиот фудбалер Нејмар е познат како некој кој секогаш ужива во добрите забави, па така сега одлучил да си дозволи уште едно скапо задоволство.
Имено, според информациите на новинарот Леао Диас, Нејмар преговара за купување на приватниот остров во Бразил Јапао.
Станува збор за остров на кој има неколку луксузни вили и кој е во сопственост на бизнисмен од Канада. Првично тој го продаваше по цена од 12.5 милиони евра, но подоцна ги намали побарувањата.
Информациите се дека Нејмар за него ќе плати сум од 8.5 милиони евра.