На Анчелоти не му се допадна прашањето за Мбапе: Не е во ред да се шпекулира со такви работи

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе не игра како што се очекуваше во својата прва сезона во Мадрид и во 16 натпревари има учинок од осум голови и две асистенции.

Фановите на Реал Мадрид очекуваа подобри бројки, но фудбалерот во последно време се соочува со проблеми поради кои и не беше дел од репрезентацијата на Франција за последниот собир во Лигата на Нации.

Медиумите пишуваа и дека Мбапе се соочил со психочки проблеми бидејќи константно е мета на критики од неговото доаѓање во Шпанија. На таа тема зборуваше тренерот н Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој на денешната прес-конференција доби такво прашање.

„Неговата лоша низа се случила на сите големи напаѓачи, но не постои „случај Мбапе“. Го гледам среќен мотивиран и убеден дека утре ќе одигра добар натпревар. Неговите квалитети се извонредни. Никогаш не барал од мене некој посебен услов. Тој и Винисиус немаат фиксни улоги и можат меѓусебно да ги менуваат позициите. Какво е тоа прашање! Не е во ред да се шпекулира со такви работи…навистина грдо прашање!“, одговори Анчелоти на новинарското прашање.

Ќе потсетиме „Марка минатата недела ја анализираше ситуацијата на Французинот и наведе дека за формата на Мбапе влијаат три клучни проблеми – неадекватната физичка спремност, бројните повреди и прилагодувањето на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани