127
Најскапиот фудбалер на светот Кепа Аризабалага заминува од Челси на нова позајмица, откако минатата сезона ја мина во Реал Мадрид.
Кепа во оваа кампања ќе биде голман на Борнмут. Шпанскиот голман оди на едногодишна позајмица. Во договорот нема опција за откуп од страна на Борнмут, иако Челси веројатно нема против продажба на чуварот на мрежата.
Интересно е дека договорот на Кепа во Челси истекуваше следното лето, меѓутоа тој парафира едногодишно продолжување пред да замине на позајмицата во Борнмут. Своевремено во 2018 година „сините“ за услугите на шпанскиот голман платија рекордна сума од 80 милиони евра на Атлетик Билбао.