Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ е најплатените фудбалер во италијанската Серија А според објавените податоци на „Calcio e Finanza“.
Станува збор за портал кој најчесто има точни информации за платите на фудбалерите во италијанскиот фудбал. Српскиот голгетер во Торино има плата од 12 милиони евра нето, додека Јувентус за него троши вкупно 18.9 милиони евра.
На втората позиција до преселбата на позајмица во Галатасарај беше Виктор Осимен, а сега тука е Лаутаро Мартинез од редовите на Интер. Лаутаро во Интер има плата од девет милиони евра фиксно и уште два кои може да ги добие преку бонуси.
Паоло Дибала имаше можност да се пресели во Саудиска Арабија каде што ќе добиваше 25 милиони евра по сезона, но остана во Рома каде што со седум милиони евра е трет најплатен во Серија А.
Со по 6.5 милиони евра на листата зад Дибала се Маркус Турам, Хакан Чалханоглу и Ромелу Луаку кој неодамна потпиша за Наполи.