212
Црногорскиот интернационалец, Алекса Марушиќ кој како фудбалер на Воска беше најдобар стрелец во Првата македонска лига минатата сезона, направи трансфер во германскиот клуб Магдебург.
Германскиот второлигаш, Магдебург денеска го објави трансферот на Алекса Марушиќ.
Одличните игри и голови во Воска му овозможија на 25-годишниот напаѓач да направи чекор напред во кариерата и да замине за Германија.