Натпреварот во Кавадарвци ќе биде регистриран со службена победа на Вардар?

by Стефан
1 минути читање

Бурен финиш имаше натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар кој заврши со победа на црвено-црните од 0-1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Закариќ, но вистински хаос се случуваше во завршницата.

Еден од помошниците на главниот судија Александар Ставрев беше удрен со тврд предмет, а поради тоа Ставрев отсвири крај некоја минута порано.

Иако се мислеше дека тоа е крај на натпреварот, сепак станува збор за прекин. Вардар бидејќи водеше ќе освои три бода, меѓутоа веројатно резултатот со кој ќе биде регистриран е 0:3.

Исто така се очекува и Тиквеш да добие казна за потфрлањето во организацијата, не се исклучува можноста и за забрана за публика во следните натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани