Наполи е подготвен на лето да го продаде Квича Кварацхелија доколку тој не стави потпис на нов договор.
Големи се шансите грузискиот фудбалер да ја игра последната сезона во Наполи. Италијанскиот клуб и Кварацхелија никако не можат да се договорат за продолжување на соработката.
Интересот за Кварацхелија е голем, се поврзува со неколку гиганти меѓу кои и Барселона и Манчестер јунајтед. Тие му нудат повеќе отколку тоа што му го дава Наполи, па јасно е зошто нема согласност за нов договор.
На претседателот Де Лаурентис му е јасно дека не може да го задржи Кварацхелија, па е подготвен да го продаде на лето.
Оној кој што ќе сака да го купи ќе треба да одвои најмалку 60 милиони евра, сумата може да биде и повисока во зависност од тоа колку клубови ќе тргнат по неговиот потпис.