100
Наполи со 3-1 го совлада Комо во првиот меч од новото коло во Серија А, тимот на Сеск Фабрегас пружи отпор, но немаше сила да направи и изненадување.
Наполи поведе по само 25 секунди игра кога по додавање од Лукаку, Мектоминеј ја смести топката во мрежата на Комо.
Пред самиот крај на првиот дел Комо успеа да изедначи со гол на Стрефеца. 1-1 беше резултатот по првиот дел.
По осум минути игра во вториот дел Лукаку погодои од пенал за водство на Наполи од 2-1.
На четири минути до крајот Лукаку уште еднаш ја имаше улогата на асистент, овојпат до Давид Нерес за конечни 3-1.